Грчката влада ги протера македонските фудбалери од Грција


Фудбалерите кои имаат македонски пасош нема да можат да настапат во тимвоите кои настапуваат во грчките лиги пренесува Сител. Ваквата скандалозна уредба ја донела Грчката влада а истата стигнала и до грчката фудбалска федерација и клубовите.

greece-thumbs-downВаквата одлука на грчката влада е потврдена од страна на македонски фудбалери кои настапуваат за тимови кои играат во пониските лиги. Ваквата одлука е донесена поради тоа што во нивните пасоши го постигнува уставното име на Македонија, а од нив било побарано да истото се смени во ФИРОМ или Скопје.

Ваквата уредба е донесена пред една недела. Грчките клубови веднаш ги известиле политичарите, а со ваквата одлука е известена и ФИФА, како и македонската дипломатска мисија која не е запознаена со случајот.

Адвокатите и и раководствата на клубовите во Грција истакна дека досега не е сретната со ваква срамна одлука која како што велат не е само дискриминирачка туку и расистичка и дополнуваат дека нема шанси да помине.

Фудбалерите имаат валидни докуменит за престој работа а ги имаат подмирено и сите даноци и останати обврски кои државата од нив ги барала.

Адвокатите на фудбалерите им даваат надеж велејќи дека ваквата одлука е нелегална и до понеделник ќе се среди.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1