Едно мало момче се смее додека постар маж му помага да нишани во мета со полуавтоматски пиштол. Оваа снимка ги прикажува првите чекори авганистанските деца кон тероризмот, а на интернет била поставена од Ал Каеда.
Исто така, на снимката е прикажана жена како нишани со минофрлач кон автомобил
Во кампот на теророт, сместен во север Вазирстан во близина на пакистанско-авганистанската граница, талибанците тренираат деца помлади од пет година, за да станат нова генерација на терористи.
Децата седат како во училиште и внимателно ги слушаат предавањата. Со тешка мака ги креваат смртоносните пушки и пукаат, при што нивните тела се одбиваат и паѓаат на подот.
Други пак работат со пиштоли додека терористите им ја полнат главата со омраза и ги мотивираат за џихад против западот и самоубиствени напади.
Многу од нив се сираци, а нивните татковци ги изгубиле своите животи во светата војна. Сега тие се на ред да тргнат по нивните чекори.
Tocka