Лекарка од Струмица издавaла лажни оправдувања за ученици – 100 денари од ден!


Лекарката наплаќала по 50 до 100 денари за секој ден отсуство од училиште што ќе го напише за ученикот.

lekar44СВР Струмица поднесе кривична пријава против Е.П.-Р.(64) од Струмица-лекар за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување исправа“ и против нејзината ПЗУ „Медикус“ ПО Струмица  за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

Пријавената, во периодот од 2010 до 2013 година издала 33 медицински белешки на ученици за извршени прегледи заради оправдување на отсуството од училиште и за истото им наплаќала од 50 до 100 денари за ден отсуство.

Притоа, евидентните броеви на белешките не се совпаѓале со броевите во медицинската документација што ја водела – стои во билтенот на МВР з аовој несекојдневен случај.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1