Никој се уште поим нема дали јадеме ГМО-храна во Македонија


Не е направена ниту една лабораториска контрола

gmo domatИнспекторите на Агенцијата за храна досега ниту еднаш лабораториски не провериле дали во храната на македонскиот пазар има генетички модифицирана храна или храна со генетички модифицирани организми (ГМО). Иако продажбата на дел од генетички модифицираната храна е дозволена уште од 2008 година, со одобрение на агенцијата, ниту една фирма не побарала дозвола за да се внесе на пазарот. Во исто време се шпекулира дека ГМО има во производи на нашиот пазар, а тоа не стои на декларациите. До толку повеќе што во земји во близината наводно на големо се произведува ваква храна или се користи во производството.

Научниците, како и експертите за храна, имаат поделени мислења за тоа дали е штетна употребата на ГМО. А потрошувачите имаат право да знаат што купуваат и сами да одлучат за изборот.

Дозволени се ГМО-пченка, ориз, компир и соја

Деновиве ќе биде објавен нов правилник за безбедност на ГМО, за кој од Агенцијата на храна тврдат дека е речиси истиот со досегашниот. ГМО се создава со вкрстување гени од еден вид со гени од растенија и животни од друг вид, а можеби во иднина и со гени од човекот. Во природата такво нешто никогаш не се случува, па затоа многумина сметаат дека не може да се претпостави каде може да води сето тоа.

bikГМО во добиточната храна

Кај нас, на Факултетот за земјоделски науки и храна, пред извесно време е откриено дека има присуство на ГМО во добиточната храна, увезена од земја-членка на Европската Унија. Токму за ова зборуваше проф. д-р Силвана Манасиевска-Симиќ од Факултетот за земјоделски науки и храна за „Нова Македонија“.

Кога се обележува дека има ГМО во храната?

Производители на животинска храна што ги хранат животните со ГМО немаат обврска потоа тоа да го декларираат на производите од нив. Ако се користи ГМО во некој производ, производителот мора да означи дека во состојките има доколку е употребена во поголема количество од 0,9 отсто од вкупната маса на производот

Целата информација прочитајте ја на следниот ЛИНК 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1