Андријана Будимир е бремена?


Андријана Будимир, која и официјално стана македонска снаа, најверојатно освен што ќе треба да се испроба во улогата на сопруга, многу наскоро ќе треба да се спознае и како мајка, пишува Вечер.

se-omazi-andrijana-budimirСпоред чаршиските муабети кои кружат деновите, ексракометарката и девојка на Тоше Проески, била во третиот месец од бременоста, па поради тоа и венчавката со менаџерот Јохан била забрзана.

Во потрага по вистината ја побаравме Андријана, но, за жал, таа не одговори на нашите повици се до затворањето на бројот. Дека има промени во нејзиниот изглед, говорат и фотографиите направени на самата свадба на кои јасно може да се забележи како под венчаницата ѕирка мало стомаче, со кое досега Будимир не можела да се пофали, пишува весникот.

Дали станува збор за килограм плус или, пак, има вистина во муабетите на дежурните душегрижници, останува да видиме. Одговорот ќе ни го даде времето, оти тешко дека некому пошло од рака да го сокрие трудничкото стомаче. Инаку, на ексракометарката ова и е прв брак, додека зад Јохан веќе е еден брак од кој има две деца.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1