Засилен ветер, пороен дожд и грмежи денес


Во Македонија во среда претпладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, а попладне нестабилно со локални врнежи од дожд во северозападните, северните како и во североисточните и крајните источни предели.

rain - dozdЌе дува умерен јужен и југозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен ветер кој ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 13°C до 21°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 27°C до 36°C. УВ индекс 6.

Во Скопје во среда ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне со услови за локален дожд. Ќе дува умерен југозападен ветер. Утринската температура од 18°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 33°C. УВ индекс 6.

Во четврток ќе биде претежно сончево, ветровито и со благ пад на температурите. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, ветерот ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури од 12°C до 20°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 25°C до 34°C. УВ индекс 7.

Во петок во Македонија ќе биде претежно сончево и ветровито. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 11°C до 19°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 24°C односно до 33°C. УВ индекс 7.

weather4all.com.mk

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1