Научниците одгледаа минијатурни мозоци


Научниците лабораториски ги одгледале првите минијатурни човечки мозоци и тврдат дека нивниот успех би можело да помогне во разбирањето на начинот на кој мозокот се развива и што е тоа што на лошо при нарушувања како шизофренија и аутизам.

mozok22Научниците кои работеле во Австрија започнале со експеримент со матични клетки и создале култура во лабораториски услови која се развила во ткн „церебрална органоида”, минијатурни мозочни, коишто се состојат од неколку различни мозочни области. Ова е првпат научниците да успеат да реплицираат развој на мозочно ткиво во три димензии.

Користејќи ги органоидите, научниците потоа успеале да произведат биолошки модел на развој на ретката состојба на мозокот позната како микроцефалус, надевајќи се дека таа техника во иднина би можела да се користи за создавање биолошките модели на нарушувања како што се аутизмот или шизофренијата од кои страдаат милиони луѓе во светот.

„Ова би можело да се покаже како ново орудие во разбирањето на главните нарушувања на развојот на мозокот…, и тестирање на моќните начини на лекување”, вели Пол Метјус, професор на клинички невронауки на Империјал колеџ во Лондон

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1