Дали јадете токсични наночестички за ручек?


Расте загриженоста дека неноматеријалите, кои може да се најдат во пакувањето и пестицидите, може да влезат во храната и да претставуваат огромен ризик за здравјето.

20130828-dali-jadete-toksichni-nanochestichki-za-ruchek-1Во текот на последните неколку години, употребата на наноматеријали за вода, пакување на храната, козметиката и други индустрии е значително зголемена. Така на пример, земјоделците користат сребрени наночестички како пестициди поради нивната способност да го намалат развојот на штетни организми. Во новото истражување, истражувачите го опишуваат методот за откривање на сребрени наночестички во свежите продукти и другите прехранбени производи.

„Повеќе од 1.000 производи на пазарот се основани на нанотехнологија“, вели Менгши Лин, професор по наука за храната на Универзитетот за земјоделство, храна и природни ресурси во Мисури. „Оваа загриженост е поради тоа што не ја знаеме токсичноста на наночестичките. Нашата цел е да се идентификуваат и измерат овие наночестички во храната и прехранбените производи и да се проучи нивната токсичност колку што е можно поскоро“.

Лин и нејзините колеги ги проучувале остатоците и пенетрацијата на сребрените наночестички на лушпата на една круша. Најпрво, тие ги ставиле сребрените наночестички на крушите слично како што се ставаат пестидиците. Потоа крушите постојано биле миени и плакнети.

Резултатите покажале дека четири дена после третманот, сребрените честички сè уште се наоѓале во лушпата на крушите, додека помалите можеле да влезат во самата круша.

„Влегувањето на сребрените наночестички е опасно за потрошувачите бидејќи тие имаат способност да се преселат во човечкото тело после варењето на храната. Затоа, помалите наночестички може да бидат поштетни за потрошувачите“, вели Лин.

Кога се дигестирани, наночестичките поминуваат низ крвта и лимфниот систем, циркулирајќи низ телото и барајќи потенцијално чувствителни локации како што се слезината, мозокот, црниот дроб и срцето.

Растечкиот тренд за користење на други видови наночестички ја револуционизира прехранбената инудстрија со зголемувањето на вкусовите, подобрувањето на испораката, чувањето на свежината на храната подолго и осветлувањето на боите на храната. Сепак, истражувачите се загрижени дека употребата на сребрените наночестички може сериозно да му наштетат на човековото тело.

„Ова истражување ветува многу бидејќи има соодветен пристап за контаминација на сребрените наночестички во прехранбените култури или други земјоделски производи“, вели Лин.

Fakulteti.mk
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1