Македонка членка на Секс партијата – кандидатка за австралискиот парламент


Невена Спировска е Македонка од Куманово која во Австралија живее од 1989 година и е кандидатка на Секс партијата за федералните избори за изборната единица Калвел во Викторија на 7 септември.

nevenaЕдна од помалите политички партии кои учествуваат на овие избори е Секс партијата на Австралија, основана пред 4 години како одговор на се поголемата застапеност на религијата во политичките партии во оваа земјаа.

Невена дипломирала новинарство и комуникации на Свинбурн универзитетот во Мелбурн, а работи во пензинскиот фонд на Австралија.

„Се кандидирав затоа што ние како Македонци во Австралија досега сме немале ниту еден претставник во Австралискиот федерален парламент. Секс партијата е прогресивен глас во Австралија кој се залага за правата на човекот, за граѓанска слобода и еднаквост на сите луѓе во австралиското општество“, вели Спировска за австралискиот портал на македонски јазик Шило.

Инаку, оваа партија се залага за легализирање на марихуаната, за право на истополови бракови, за легализирање на еутаназијата…

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1