Македонецот не се откажува – Скопјанецот Стрезовски поднесе кривична пријава за сметките за парно


Скопјанецот Стрезо Стрезовски поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство против вработени во Регулаторна комисија за енергетика и нова иницијатива до Уставниот суд со која се бара да се укине Одлуката со која е покачена цената за ангажирана моќност во сметките за парно греење. Со ова тој ја продолжува правната битка против, како што вели, неоснованото покачување на цената за ангажирана моќност, пишува Дневник.

strezo strezovskiТој тврди дека Регулаторна комисија за енергетика (РKЕ) неосновано ја покачила цената за ангажирана моќност за 55,96 отсто од март до јули годинава и дека со тоа на граѓаните им причинила материјална штета која ја проценува на повеќе од 5 милиони евра. Неговите пресметки покажуваат дека цената за ангажирана моќност требало да падне за 2,58 отсто, а таа на топлинската енергија за 21,74 отсто.

– Пријавата се однесува на кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувања и за повреда на рамноправноста на граѓаните, кои ги сториле Н.Н. одговорни и овластени вработени во Регулаторната комисија за енергетика при одредувањето на цената која граѓаните – корисници на системот за затоплување ќе ја плаќаат за ангажираната топлинска моќност. Овие одговорни и овластени вработени, во рок од пет месеци, од март до јули 2013, неосновано, за 55,96 отсто ја покачиле цената на ангажираната топлинска моќност и со тоа на граѓаните им причиниле огромна материјална штета. Така направената штета може да се процени на преку 300 милиони денари, односно повеќе од 5 милиони евра – ја образлага Стрезовски во кривичната пријава до Јавното обвинителство испратена на почетокот на месецов.

Истите докази се приложени и во иницијативата до Уставниот суд со која бара да се укине одлуката на Регулаторната комисија.

Втор обид во судот во Стразбур

Скопјанецот Стрезовски месецов испрати писмо до Судот во Стразбур со кое бара да му дозволат да достави нови докази и повторно да го разгледаат предметот против Правилата што ги донесе Регулаторна комисија за енергетика.

– Во Kонвенцијата постои член 37 став 2 кој гласи: Судот може да одлучи повторно да стави во списокот на предмети определена жалба ако оцени дека околностите тоа го оправдуваат. Тоа ми е надеж дека повторно ќе го разгледаат предметот – вели тој.

Инаку Европскиот суд за човекови права неодамна ја одби жалбата на Стрезовски дека му се нарушени основните човекови права и слободи од страна на јавната власт во земјава и РKЕ.

Повеќе на – Дневник

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1