Водата од шише кое се наоѓа во вашиот автомобил е многу опасна! Во шоуто на Елен Деџенерис, пејачката Шерил Кроу, рече дека токму пластичните шишиња и предизвикале рак на дојката. Онкологот на Шерил Кроу и рекол дека жените не треба да пијат вода од шишиња кои подолго време се оставени во автомобилот.
Топлината реагира со хемикалиите во пластиката од која се направени шишињата и така се ослободува диоксин во водата. Диоксин е токсин кој се повеќе се наоѓа во ткивото на ракот на дојката. Токму поради ова бидете внимателен и не пијте отстоена вода во автомобил. Шерил Кроу предупредува дека оваа информација може да спаси милиони жени, па препорачува наместо пластика жените да пијат вода од нерѓосувачки челик или стаклено шише.
Бидејќи диоксинот е хемиски многу силен, покрај тоа што се предупредува да не се оставаат шишиња во автомобил, се препорачува тие и да не се замрзнуваат. Исто така се препорачува да не се ставаат пластични садови во микробранови печки бидејќи диоксинот е активен на комбинација на маснотии и висока топлина. Наместо пластични садови, се препорачува користење на стакло, но и огноотпорни или керамички садови за греење храна