Инспекторите во Бјелина три години истражувале 27 случаи на смрт, а на крај по девет години работа во блјероварската хирургија го уапсиле докторот Дилиќ под сомнение за смрт на десет пациенти, а кај тројца се влошила состојбата. Даворин Дилиќ, абдоминален хирург, во полиција го пријавиле колегите, но и една сопруга на починат пациент.
Доктрите кои го пријавиле, не го сакале поради честите грешки, а се заканиле и со колективен отакз ако не се најде начин да се тргне докторот од работа, а тој пред две години добил дури и унапредување. Две години работел како вршител на должноста Директорот на Општата болница во Бјеловар, а пред тоа бил шеф на хирургија. Медицинските сестри го нарекле арогантен и дрзок лекар кој често без грижа на совест правел грешки и пропусти. На еден пациент не го прицврстил до крај тенкото црево во стомакот, а исфрливањето на тврдата столица сакал да ја сопре со тампони.
Во друг случај отпуштил пациент на домашна нега иако поради ширење на цревата немала ниту гасови, а не можела ниту да ја исфрли тврдата столица, а кај трет случај пак не ги средил раните во стомакот, па по неколку месеци почнала тврда столица да му излегува од стомак. Од Општата болница уште во 2008 година писмо пратиле и кај министерот за здравство Дарко Милиновиќ со што го предупредиле дека не сакаат да прифатат одговорност за неговите операции за кои тврделе дека нема ниту морален, стручен и колегијален авторитет. Иако во 2008 година Комисијата за стручен надзор на Хрватската лекарска комора направила вонреден надзор и утврдиле низа на проблеми и дале препораки хирургијата во Бјеловар да се реорганизира.
Дури кога сопругата на починатиот пациент Илија Црнов во септември 2010 година поднела кривична пријава против Диклиќ, започна тригодишна истрага која се занимавла со 27 случаи, од кои 21 завршиле со смрт. Црнов бил пациент на Дилкиќ од октомври 2008 година. Станува збор за 43 годишен татко на четири деца кој докторот на 21 ден од седењето во болница го оперирал 3 пати. Тој имал чир на желудникот, а починал поради нерофесионалната операција на докторот и неговата постоперациона нега. Бјеловарскиот хирург кој пропуштил делови од операцијата, повторно го отворил по седум дена, состојбата на Цернов станала се полоша, па по третата операција му се развила сепса и тој починал.