Вака не крадат трговците


Во период на поскапување, трговците често не убедуваат дека го спасуваат нашиот буџет со разни акции и намаленија. Што навистина се крие позади написите за намаление?

Supermarket-001Помало пакување, иста цена Во последно време се популарни се намалувањата на пакувањата. Овој трик го применуваат многу домашни, но и странски производители. Цените на производите остануваат иста или малку пониски, но пакувањето е помало за 10 или 20 грама, а клиентите често дури и нема ниту да ја забележат оваа промена. Ако навистина сакате да заштедите, посветете внимание на тежината на производот.

Две за една цена, третото гратис Секако дека сакаме да се добиеме нешто гратис ако веќе се дава. Често автоматски купуваме „две за еден” или „три за две” производи, бидејќи ние веруваме дека така се заштедува. Сепак, може да се случи да заштедите неколку денари. Ако понудата е составена од два или повеќе различни производи, размислете дали навистина ви требаат сите од нив. Исто така, пресметајте колку ќе заштедите, може да ви се случи да ги претплатите производите кои не ви се ни потребни.

Распоред на полици Повеќето луѓе веруваат дека најдобрите производи и цени се наоѓаат на средината на полиците затоа што на купувачите генерално не посветуваат внимание на рабовите, односно на почетокот и крајот. Меѓутоа, најновите истражувања покажуваат дека е токму спротивно. Акциите најчесто се наоѓаат на крајот на полица, која е и најдобра позиција за производите.

European_style_180L_supermarket_trolleyЦена по парче Некои производи може да се купат по еден килограм, додека други се продаваат на парче, а многу ретко некои производи се продаваат и на двата начина. Тоа е класичен комерцијален трик. Најверојатно ќе мислат дека тоа е подобро да се купат три спакувани производи, бидејќи се многу поевтини, но не мора да значи. Внимавајте на истакнатата цена за еден килограм, особено кај зеленчукот и овошјето, затоа што цената за парче може да ве збунуни.

Помалку значи поскапо? Карактеристика за штедливост е секогаш да се купи поголемо пакување затоа што е поевтино од малото, но во последно време ова правило се покажа како погрешно. Разликата во цената за мали и големи производи е се помала. Ако не ви требаат десет килограми прашок за перење, може и ви се исплати да купите помало пакување.

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1