Пет возачи на автобуси и сопруга на еден од нив се распнаа на крстови во знак на протест поради се поголемиот број на откази во Парагвај.
Овој страшен чин почнал пред 20 денови блиску до главната автобуска станица во Луке, 12 километри од главниот град Асунсион, кога демонстрантите ги добиле отказите, наводно, поради тоа што биле членови на синдикатот.
Возачите и жената дланките си ги приковале за крстовите со шајки долги по 38 сантиметри. Покрај нив е поставен и празен мртовечки ковчег.