На пазарот се појави необична и мошне занимлива „сламка“ која ни доаѓа од Данска. Овој производ , доколку „заживее“ на пазарот, би можело да спаси милиони луѓе ширум светот кој немаат пристап до чиста вода за пиење.
Оваа сламка може да филтрира дури до 99.99% од бактериите во водата, што е повеќе од фасцинантно. Производот е развиен во Данска уште во 2005 година. Потребата од нејзиното пронаоѓање беше предизвикана од поразителната статистика за земјите од Третиот свет каде на секои 15 секунди умира по едно дете поради пиење на нечиста вода!
Сламката е долга 22cm, а покрај бактериите може да отстрани и разни паразити како ешерихија коли, колера, салмонела. Една сламка може да филтрира и до 1000 литри вода.
Цената на овој производ е 20 долари, а може да спаси милиони луѓе ширум светот.
Видеото погледнете го на следниот – ЛИНК