Спас за милиони луѓе: На пазарот „сламка“ која ја претвора нечистата вода во чиста


На пазарот се појави необична и мошне занимлива „сламка“ која ни доаѓа од Данска. Овој производ , доколку „заживее“ на пазарот, би можело да спаси милиони луѓе ширум светот кој немаат пристап до чиста вода за пиење.

slamka za vodaОваа сламка може да филтрира дури до 99.99% од бактериите во водата, што е повеќе од фасцинантно. Производот е развиен во Данска уште во 2005 година. Потребата од нејзиното пронаоѓање беше предизвикана од поразителната статистика за земјите од Третиот свет каде на секои 15 секунди умира по едно дете поради пиење на нечиста вода!

Сламката е долга 22cm, а покрај бактериите може да отстрани и разни паразити како ешерихија коли, колера, салмонела. Една сламка може да филтрира и до 1000 литри вода.

Цената на овој производ е 20 долари, а може да спаси милиони луѓе ширум светот.

Видеото погледнете го на следниот – ЛИНК 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1