Министерот за странски инвестиции, Веле Самак, и поранешната ТВ водителка на сителовата детска емисија „Сител бамбини”, Бојана Ацева Андонова, неколкугодишната врска вечерва ја крунисаа со брак.
Свадбената церемонија се одржа во хотелот Белви во Скопје.
Бракот со Бојана на министерот за странски инвестиции му е втор, откако пред три години по 11 години брак се раздели од Американката Роксана, со која има ќерка. Самак и неговата екссопруга во Македонија дојдоа во 2006 година, а таа тука остана да живее и по разводот.
За Бојана медиумите се минато – има работено како одговорно лице за регрутација и маркетинг на Универзитетот Питсбург во Скопје, лице за односи со јавност за проект на Светската банка, проект-менаџер на Македонскиот културен центар во Њујорк, тренер за проекти со деца и млади на УНИЦЕФ, основач на Самосвест, аналитичар и раководител на Кабинетот за странски инвестиции, технички секретар во македонската амбасада во Вашингтон
Либертас