Арно ги оштетуваа македонските возила – така треба, вели грчка партија


Грчката ултрадесничарска неонацистичка партија смета дека оштетувањата на македонските возила во Грција се целосно оправдани. Пратеникот на радикалната партија Илијас Панајотарос негира дека оние кои ги оштетиле возилата се вандали, туку за нив тие се само „огорчени деца“.

vozilo grcija sprej„Каде што не игра зборот, ќе игра спрејот врз кратенката МК“, вели Панајотарос за неделникот „Прото тема“ запрашан да ги објасни оштетувањата врз возилата. Според него целосно е оправдано и очекувано вандализирањето на возилата кои имале МК на регистарската табличка со обид да се избрише кратенката која е спорна за Грција.

„Тоа треба да го прави и грчката држава на границата“, додава тој, алудирајќи дека треба да се лепат лепенките ФИРОМ на новите регистарски таблички. Од истата причина Златна зора се осмелила да се однесуваат како локални шерифи и да извршат протести летово на премините Богородица и Меџитлија, со цел да проверат дали грчките граничари ги лепат лепенките врз возилата со нови таблички.

„За нас во Златна зора татковината и историјата имаат поголема вредност од туризмот и економскиот профит“, вели тој, индиректно посочувајќи дека не го засегаат критиките од политичка и медиумска страна дека со ова се врши голема штета на грчкиот туризам во северна Грција.

Утрински

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1