Штркови упаднаа на фудбалски натпревар во Кичево – летаа над главите на фудбалерите


Несекојдневна случка ќе предизвикаше проблеми на фудбалскиот натпревар Напредок-Гостивар, што  во неделата се одигра во Кичево.Причина за оваа конфузија  беа штрковите кои имаат гнездо во непосредна близина на градскиот стадион во Кичево и кои се подготвуваа за лет на долг пат, пишува kicevo.mk .

Strkovite-glavni-akteri-na-Тие за цело време на натпреварот го надлетуваа фудбалскиот терен, за во еден период да летаат толку ниско што буквално беа над главите на фудбалерите,судиите и гледачите.Постоеше реална опасност при толку низок лет да се удрат во некој од актерите, при што можат и да го повредат.
Во неколку минути фудбалот беше во втор план, бидејќи главни актери беа штрковите кои важат за најмирољубиви суштества а  кои  можеа да предизвикаат инцидент.Сепак на крајот се добро се заврши,штрковите летнаа високо а натпреварот продолжи со својот норален тек.
-Добро е што во овие моменти натпреварот беше одлучен и посетата  на штрковите не влијаеше на играта и резултатот.Сепак се виде дека се толку адаптирани на просторот, што не можеа да ги попречат ни толку луѓе ни викотници на стадионот-рекоа  присутните гледачи по натпреварот во Кичево.
kicevo.mk
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1