Македонец од Светиниколе заработува илјадници евра продавајќи семки од кајсии


Господ знае дали помагаат, ама с` повеќе луѓе бараат да ги купат семките од кајсии. И тоа не оние благите, туку токму овие горчливите за кои велат дека лекуваат главоболка, дури и рак, а служат и како превентива од малигни заболувања. Веќе искршив три клешти кршејќи ги семките – само лани продадов 68 килограми, преклани 40, а годинава 32 килограми семки. Некој купува по половина килограм, некој повеќе. Досега најмногу семки купи еден македонски политичар, кој пред две години ми зема дури осум килограми, рече дека мајка му била болна, раскажува Ј.Т, 49-годишен светиниколец за весникот Дневник.

kajsijaТој не сакаше да зборува со име и презиме, а вели дека во последниве четири години, колку што активно се занимава со продавање семки од кајсии, с` повеќе луѓе се интересираат да ги купат.

Половина килограм исчистени семки чини 50 евра, а досега низ рацете на овој човек, кој е невработен, поминале над 150 килограми семки од кајсии. За да добие еден килограм семки, потребни му се од шест до 10 килограми кајсии.

На прашањето како почнал да се занимава со продажба на семките, знае ли дали и што е корисно или штетно и опасно кај семките и како ги препорачува, тој појаснува:

– На интернет прочитав дека може да бидат корисни. За главоболка се јадат од три до пет семки пред јадење, а во кои дози се јадат кога некој сака да се излекува од рак, тоа не можам да го откријам. Kога се користат како лек, горчливите семки се јадат непреработени, ниту печени ниту варени, инаку ќе нема ефект. А треба да се изедат додека не се појави нов род на кајсијата, значи во текот на годината – раскажува овој светиниколецот.

Тој вели дека семките ги бараат најчесто луѓе од околината, но и од Штип, а досега немало случај некој од странство да побара да ги купи.

– Ги купуваат и обични луѓе, но ги зема и еден акупунктурист од Свети Николе. Немам резерви, ги правам само по порачка. Не сум имал поплаки досега од некој што ги купил, а не сум чул дека починал некој болен од рак од тие што ги купуваа. Имам магацин од каде што ги земам и ги подготвувам семките, а кајсиите ги купувам од исто место, од околината. За еден ден можам да искршам и по еден килограм семки, тоа ми е релаксација – додава Ј. Т.

Досега немал проблеми ниту со инспекција ниту со полиција.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1