Тројцата возачи на автомоби ги загубија животите во страшната сообраќајна несреќа која утринава околу 5.15 часот се случи кај селото Страцин. Според најновите информации на тешките повреди им подлегнал и возачот на „Тикото“ , 55-годишниот Драган И. од Крива Паланка.
Во тешката сообраќајка животот го загубија и 36-годишниот возач на „Голфот“, Гаши И. од Приштина, како и 34-годишниот на „БМВ-то“ со бугарски таблички, Далибор Н. од Крива Паланка.
Од полицијата информираат дека во несреќата повредени се четири лица кои биле сопатници во „Тикото“ и косовскиот „Голф“.
Тешко повредените лица се пренесени во болница.