Од Тетово Авто-стоп до Словенија да навиваат за македонските кошаркари


Александар Миланов-Цале и Дончо Стефановски-Ласица од Тетово тргнаа авто-стоп до Словенија за да ги бодрат кошаркарите кои ќе настапуваат на натпреварите од европското првенством пишува Нова Македонија.

Cale levo Lasica desnoАлександар веќе е познат во тетовската и македонска јавност како еден од двајцата тетовци кои во 2011 година патуваа авто-стоп до Литванија исто така да ги бодрат кошаркарските репрезентативци на дуелите од европскиот шампионат.

Оваа година друштво ќе му прави неговиот другар Дончо.

– Се надеваме на добра забава по пат и успех нашите кошаркари во Словенија, велат Цале и Ласица, како што по прекарите ги познаваат во Тетово.

Овој пат патешествието го започнаа три дена пред првенството со цел да стигнат во среда, 4 септември на првиот дуел на Македонија со Црна Гора. Во неделата тргнаа и веднаш пристигнаа во Белград.

Нова Македонија
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1