Бoсна и Херцеговина и Македонија го потпишаа проблематичниот договор за куќни помошнички со Катар, и најверојатно дека и Косово ќе го стори истото овој месец . Но со што ќе се соочи балканската куќна послуга кога ќе пристигнат кај богатите емирати? Функционерите од од оваа пустинска држава, која патем е најбогата држава во светот, во моментов регрутираат жени со босанско или македонско државјанство, да живеат и да работат во домашни услови кои ги опишуват како „модерно ропство“, анализира Балканист.нет.
Она што загрижува е дека политичарите од Босна, Косово и Македонија не им обрнуваат внимание на овие проблеми кои денеска се доста застапени во јавноста, туку напротив во јавноста го фалат Катар како прекрасно и сосема безбедно место за работа.
Од друга страна пеглањето на многуте структурни проблеми на заливските земји кои ја поттикнуваат експлоатацијата на работниците само дава лажен сјај. Секако, не сите куќни помошнички во Катар имаат лошо искуство и најлошиот извештај на оваа тема е полн со стереотипи за кутрите жени од третиот свет и „варварството“ на арапскиот свет. Но доволно број на странски работници се малтретирни во заливските земји за да се повика на сериозна загриженост. Очигледно функционерите во Босна и Херцеговина и во Македонија посветиле неверојатно малку внимание кога го потпишале договорот.
Филипините, Непал и Индонезија барем се обидоа да обезбедат некакво ниво на заштита за нивните работници во Катар, а кога на Камбоџа и беше понуден истиот договор како на Босна и на Македонија земјата одби. За разлика од нив балканските влади пропуштија да постават какви и да било заштитни услови за да се осигураат дека жените од Босна и Македонија нема да завршат со бедни плати, експлоатирани, злоставувани или мртви.
Косово сеуште преговара за условите на ваквиот договор со Катар, и најверојатно дека нема да биде пасивно како неговите соседни земји.
Куќна помошничка или робинка?
Како што пишва Балканист.нет, куќната послуга во Катар не смее да ја напушти земјата, не смее да изнајми стан, да промени работа, да отвори банкарска сметка или да извади возачка дозвола без дозвола од нејзиниот газда или кафил.
Овој вид на експлоатација цути под системот на заливските земји наречен ,,кафала,, каде што спонзорот или кафилот (вработувачот) во суштина ги поседува неговите странски работници. Визата на куќните помошнички исто така е врзана за нивните кафили, па така, ако даде отказ, дури и за да спаси од физичко злоставување или неплаќање, нивните визи автоматски стануваат неважечки. Со тоа тие стануваат илегалци и подложни на огромни казни па дури и затвор.
Исто така чести се случаевите кога кафилите ги присилуваат куќните помошнички да ги предадат своите патни исправи при пристигнувањето, кои ги чуваат во текот на траењето на договорот. Ова значи дека работниците се буквално заробени во Катар. Кафилот исто така ја превзема целосната законска одговорност за однесувањето на неговите вработени, што некои газди го имаат искористено како оправдување да ја лишат куќната послуга од привилегии како што е поседувањето на мобилен телефон или слободни денови…
Една жена на Katarliving.com го напиша следново:
-Ако им дадете слободен ден тие трчаат да имаат секс со мажи…
Многумина се согласија со неа- па така куќната послуга речиси и да нема слободни денови. Друга пак објаснува дека својата помошничка ја чува цело време заклучена во семејната куќа освен, дозволено и е едно одење до продавница под надзор на секои два месеци за да си купи хигиенски производи. Една од коментаторите се пофали дека инсталирала скриена камера во минијатурната спална соба на својата куќна помошничка.
Наместо куќни помошнички, изживувани како животни
Ноќната мора за куќната послуга во Катар најчесто започнува вака: „додека е сеуште во својата татковина идниот вработувач на куќната помошничка потпишува договор со кој се согласува да исплаќа одредена месечна плата. Откако ќе пристигне вработувачот ја преполовува платата, штом ќе стапне во Катар обично е невозможно да се стори што и да е освен да се прифати пониската плата.оти не може ниту да ја напушти земјата без дозвола на работодавачот.
Некои од малтретирањата кои ги истрпеле куќните помошнички во Катар се толку страшни што е болно дури и да се чита за нив. Неодмна 17- годишна куќна помошничка била повеќекратно силувана од нејзиниот работодавач дента кога пристигнала во Катар.30- годишна жена родила машко бебе откако била силувана од нејзиниот газда и го оставила во тоалетот на аеродромот во Доха кога си одела дома.Таа била ужасната од помислата што ќе каже на нејзиното семејство. Подоцна бебето и било вратено. Жестоките претепувања и вербални злоставувања се честа појава. Една жена од Филипините на која газдата и ја исекол косата веднаш штом пристигнала во Катар многу јасно се сеќава на навредите…куче..животно..магаре..
Малтретирањето на куќните помошнички е толку честа појава што Филипините отворија сопствен Центар за работнички кои успеале да им побегнат на насилните газди. Фунционерите од индонезиската амбасада велат дека секој ден помеѓу три и пет жени бараат помош за слични проблеми.
Тука е приказната за 24- годишната куќна помошничка која кога била пронајдена мртва во вилата на нејзиниот работодавач тежела само 39 килограми. Форензичарите утврдиле дека таа била лишена од храна најмалку 6 месеци. Повредите и биле ужасни. Имала 43 модрици, (форензичарите велат дека била тепана со вжестено железо). И недостасувале заби, кожата и била исфрлана со рани од изгаснати цигари и повеќе рани од убод со нож.
Ја убил нејзиниот газда. Нејзиното семејство по убиството одлучило дека нема друг избор туку да прифати „дија“ или „крвави пари“. Било пресметано дека нејзиниот живот вреди 40.000 долари, помалку од половина од БДП на Катар по жител. Нејзиниот убиец добил 3 години затвор.
Малтретирањето на странски работници станала толку честа појава што дури успеја да ги влоши односите на Катар со неколку држави. Непал неодамна воведе забрана за работа во заливските земји за куќни помошнички под 30 години. Филипните инсистираат секој нејзин жител да мора да добива минимална месечна плата од 400 долари, Катар одби.
Индонезиската амбасада во Доха соопшти дека повеќе не може да се справи со бројот на нејзини жители кои бараат засолниште од малтретирањето и дека ќе укине вработување на нови помошнички од оваа земја.
Дали Македонија и Босна направија се да ги заштитат своите граѓани?
Поради ова емирот беше присилен да бара евтини куќни помошнички од други места. Како што објави Doha news минатото лето земјите од каде што Катар вообичаено се снабдуваше со куќна послуга како Филипните и Непал почнаа да бараат од владата да гарантира одредени права за нивните граѓани. Делумно како одговор на ова, а и поради растечката побарувачка за куќни помошнички Катар почна да трага по работници во други сиромашни земји вклучувајќи ја и Босна. Тие на работниците од Босна, Косово и Македонија не мораат да им гарантират одредени права, ниту минимална плата. Според агенцијата за вработување Ел Авлавија во Доха, Босанките и Македонките ќе добиваат минимална плата од 190 долари. Извештајот на ИЛО посочува дека куќните помошнички во Катар работат повеќе часови неделно од која и да било друга професија. Според извештајот просечното работно време е 60 часа неделно, но и 100 часа се редовна појава. Пресметно со минималната плата за Босанките и Македонките тоа излегува околу 0,48 долари на час.
Природно веста за доаѓањето на Босанките и Македонките-првите куќни помошнички од Европа кои ќе работат во заливските земји, е екстремно контроверзна. Некои локални медиуми известуват дека жените во Катар се загрижени за своите бракови и дека социјалната стабилност ќе биде загрозена од прекрасните европски жени. Други предлагаат да не се дозволи вработување на куќни помошнички под 45 години.
Откако Катар беше избран за домаќин на светското првенство за фудбал во 2022 година, започнаа притисоците да се реформира системот кафала, но тој и натаму е исклучително популарен. Девет од десет испитани катарци изјавиле дека се против тоа да се заслабне системот кафала, а дури 30 отсто изјавиле дека сакаат овластувањата на газдите да се зголемат.
Предлог законот со кој би се обезбедиле барем основните потреби на куќните помошнички, како што е време за одмор, е заглавен по судовите оти многумина катарци се спротиставиле на делот од законот кој на помошничките им гарантира еден ден слободен во текот на недеата.
Но функционерите од Босна и Херцговина и од Македонија заслужуваат сериозни критики за тоа што ги изложија сопствените граѓани на потенцијално насилен и експлоатирачки третман, и што не се ни обидоа да вклучат заштитни мерки или минимална плата во договорите за работа како куќна послуга во Катар.
Високата стапка на невработеност причина за барање работа во Катар
Одлуката да се испраќаат балкански жени на работа во Катар несомнено беше поттикната од застрашувачките стапки на невработеност во овие земји. Босна, Косово и Македонија имаат меѓу највисоките стапки на невработеност во Европа. Друг фактор е големото влијание на заливските земји на Балканот. А Катар богат со нафта и со највисок БДП по жител во светот веќе има инвестирано значителни суми на пари во регионот. Претходниот Емир на Катар кој во јуни абдицираше во корист на неговиот син, ја посети Македонија неколку пати за да разговара со владата за инвестиците во растечкиот туристички сектор на земјата. Емиратот неодамна на Македонија и подари нова луксузна амбасада во центарот на Доха.
Извор: Фактор.мк