Будимпешта забрани сиромаштија: 500 евра казна за копање во контејнер!?


Како што објави Политика плус, во Будимпешта е забрането копањее по контејнери. Воведени се казни за земање на веќе отфрлени работи на улица.

slike-srbija-6-prosjaci1_254502303Со планираното воведување зони ослободени од бездомниции градот на дискриминаторски и нехуман начин се бории против сиромаштијата. Од летово во градот е забрането собирање на секундарен отпад. Казната за бездомништво е 655 евра, а за повторување на прекршокот предвидени се и затворски казни. Бездомништвото е забрането и со устав, а градот Будимпешта забрани живеење во јавни простори. Накусо, сиромашните и бездомните сега се криминализирана група во Унгарија само затоа што се сиромашни.

Кампањата против сиромашните започна пред три години, а бездомништвото е забрането во 2012 година. Истата година Уставниот суд го прогласи законот за неуставен поради кршење на уставното право на човечко достоинство. Но, наместо да ја прифати одлуката, унгарската влада го искористи двотретинското мнозинство во парламентот за да го промени и Уставот кој сега забранува бездомништво. Така властите наместо да го прифатат правото на дом како човеково право, тие 8000 бездомници ги ставаат отаде законот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1