По завршувањето на натпреварот меѓу Македонија и Летонија, што значење и крај на Македонија на ова Европско првенство во Словенија, на официјалната Фејсбук страна на Евробаскет 2013 се појави порака за нашите кошаркари.
„Не мора да победите, за да ги освоите нашите срца! Ви благодариме. Ни беше задоволство што бевме ваши домаќини во Словенија“, гласеше пораката испишана од администраторот на официјалниот профил на Фејсбук страницата на Еуробаскет 2013 каде беше постирана и фотографија на Тодор Гечевски.
Нашите кошаркари го завршија настапот на ЕП во Словенија откако попладнево доживеаја пораз од Летонија со 76:66. Само со една победа кошаркарите се враќаат дома, а очекувањата беа далеку поголеми
Извор: puls24.mk