Не мора да победите за да ги освоите нашите срца – порака од Словенците до Македонските кошаркари


По завршувањето на натпреварот меѓу Македонија и Летонија, што значење и крај на Македонија на ова Европско првенство во Словенија, на официјалната Фејсбук страна на Евробаскет 2013 се појави порака за нашите кошаркари.

„Не мора да победите, за да ги освоите нашите срца! Ви благодариме. Ни беше задоволство што бевме ваши домаќини во Словенија“, гласеше пораката испишана од администраторот на официјалниот профил на Фејсбук страницата на Еуробаскет 2013 каде беше постирана и фотографија на Тодор Гечевски.

fej

Нашите кошаркари го завршија настапот на ЕП во Словенија откако попладнево доживеаја пораз од Летонија со 76:66. Само со една победа кошаркарите се враќаат дома, а очекувањата беа далеку поголеми

Извор: puls24.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1