Според последните податоци на МВР, во источниот регион годишно има 12 жртви на 100.000 жители што е најмногу во земјата
По него, по 10 жртви годишно се Повардарскиот и Струмичкиот, а Охридскиот и Кумановскиот по 8 жртви.
Најмалку сообраќајни незгоди со смртни последици има во Скопскиот и Тетовскиот регион, по 6 на секој 100.000 жители.
Најкритични делници се Штип – Пробиштип, особено на крстосницата кај селото Крупиште, патот Кочани – Виница, иако се работи се само неколку километри овој пат досега се покажал како исклучително опасен од сообраќаен аспект. Делница со голем ризик е и онаа која почнува од селото Истибања па се до браната Калиманци, иако големо внимание бара целиот пат од Кочани до Делчево.
Вкупно, тоа се над 100 километри ризичен пат и тоа според возачите, е главната причина за црниот биланс.