Кокошката пред печење не смее да се мие


Истражувачите од Универзитетот Дрексел, тврдат дека миењето на пилешкото месо пред неговата подготовка воопшто не е делотворно при уништувањето на бактериите, напротив, тоа само може да ги рашири!

pileskoОбјавиле и анимирано видео кое што покажува дека миењето на пилето наоколу распрскува капки вода преку кои што може да се рашират бактериите, вклучувајќи ја и озогласената салмонела.

“Миењето на кокошката пред готвењето не се препорачува. Бактериите кои што се наоѓаат во сировото месо сосема лесно можат да се пренесат на останатите површини и храната. Некои сметаат дека со миењето се отстрануваат сите бактерии, но тоа не е така. Дел од нив остануваат на сировото месо дури и по неколку миења. Само готвењето на пилешкото на соодветната температура може да ги убие бактериите”, препорачуваат научниците од САД, пренесува “CNN”. Пилешкото месо само ставете го во рерната, гласи советот на научниците кои додаваат дека единствено високите температури можат успешно да ги уништат бактериите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1