По четири години кома, Јован се врати на училиште – ги препознал сите другарчиња


jovan

По пет години пауза, Јован Колоски од Струга, кој успешно закрепна по цели четири години поминати во кома, од вчера повторно е во училишните клупи во основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Струга.

Иако, тешката болест му го одзеде детството, го оттргна од другарите и од училишната клупа, на неговиот 13-ти роденден Јован продолжи таму каде што застана. Животот на чудото од дете, како што го нарекуваа лекарите кога се разбуди од четиригодишната кома, се врти околу бројот 13.

На 13 октомври пред пет години Јован тешко се разболе и падна во длабока кома. На 13 август годинава неговите родители добиле одобрение од училиштето дека може да посетува настава.

А вчера, дента кога го прослави неговиот 13ти роденден, тој повторно се најде на класниот час, меѓу неговите осмоодделенци со кои го започнал образованието во прво одделение.

Телеграф.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1