Најмногу се гине во источна Македонија


Според последните податоци на МВР, во источниот регион годишно има 12 жртви на 100.000 жители што е најмногу во земјата

soobrakajka-610x305По него, по 10 жртви годишно се Повардарскиот и Струмичкиот, а Охридскиот и Кумановскиот по 8 жртви.

Најмалку сообраќајни незгоди со смртни последици има во Скопскиот и Тетовскиот регион, по 6 на секој 100.000 жители.

Најкритични делници се  Штип – Пробиштип, особено на крстосницата кај селото Крупиште,  патот Кочани – Виница, иако се работи се само неколку километри овој пат досега се покажал како исклучително опасен од сообраќаен аспект. Делница со голем ризик е и онаа која почнува од селото Истибања па се до браната Калиманци, иако големо внимание бара целиот пат од Кочани до Делчево.

Вкупно, тоа се над 100 километри ризичен пат и тоа според возачите, е главната причина за црниот биланс.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1