Македонски производители на мед наградени во Хрватска


Во организација на Здружението на пчелари „Радилица“ од Славонија во Осијек, Хрватска се одржа петтото меѓународно оценување на квалитетот на произведениот мед.

500plav-med

На оваа презентација учествуваа и тројца пчелари од општина Виница, Илчо Костадинов, Марјан Ефремов и Киро Арсов кои се вратија со освоени златни медали.

– На презентацијата учествувавме со медот произведен во виничкиот крај. Пред комисијата понудивме повеќе видови на оригинален планински мед и комисијата го оцени како најквалитетен во меѓународни рамки, изјави пчеларот Илчо Костадинов.

На овој меѓународен натпревар биле претставени 68 примерици од мед од Република Хрватска и 22 примероци од Македонија, Босна и Херцеговина, Словенија и Србија.

На натпреварот се оценувало присуството на влага во медот според европски стандарди.

Kurir

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1