На кого му глуми Косово дека го погодиле мерките за пченица? – лани ни извезле само за 11.000 долари


Kосово воведе трговско ембарго на Македонија за увоз вреден само 11.000 долари, покажуваат пресметките на „Дневник“. Толкава е вредноста на 22 тони брашно, кое лани сме го увезле од соседната држава и е два отсто од вкупниот увоз на брашно во државата.

kosovo granicaСо ова се потврдуваат претпоставките дека ембаргото има повеќе политички отколку економски мотиви. Со неочекуваниот потег на косовската влада се блокира трговска размена вредна повеќе од 400 милиони евра, од која корист имаат граѓаните од двете земји. Иако, поголем дел од размената отпаѓа на стоки што ние ги извезуваме на Kосово, сепак нивни купувачи се косовските бизнисмени, кои потоа по повисоки цени им ги продаваат на сограѓаните. Kосовското министерство за трговија и индустрија како причина ја посочи мерката за врзан увоз на брашно на македонската Влада. Но, мерката беше наменета за заштита на домашните земјоделци и не е насочена само Kосово, туку важи за сите земји, а неодамна се најави дека таа ќе биде укината на 15 септември бидејќи пазарот се стабилизира. Но, неочекувано косовската страна презеде потег со кој ја блокира трговска размена вредна повеќе од 400 милиони евра.

Илјада тони

Според официјалните бројки од Министерството за економија, лани сме увезле 1.148 тони брашно, од кои 22 тони од Kосово. Вкупниот увоз вреди 575.246 долари или за еден тон македонските купувачи платиле околу 500 долари. Според ова, на косовска сметка легнале само 11.023 долари. Во Министерството за економија велат дека за првите шест месеци годинава вкупниот увоз на брашно во државава го достигнал нивото од ланската година. Според Министерството за земјоделство, заштитната мерка се воведе токму затоа, за да не се преплави земјава со евтино неквалитетно брашно.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1