Карпа падна на патот кон Македонски Брод


Поголема карпа, долга околу три метри падна на патниот правец кон македонски Брод, поради што сообраќајот се одвива по една коловозна лента.

karpa pat odronКако што информираше во четвртокот АМСМ, одронот се случил вчера попладе на планинскиот превој  Барбарас на 33 км кон Македонски Брод.

АМСм предупредува на посебно внимание на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

Сообраќајот на сите останати државни патишта низ државата се одвива непречено, пo наместа влажни коловози.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1