Направија Iphone да ги соберат отпечатоците од прсти – Apple вика не бе нема да ги чуваме


Новиот телефон на apple има читач на отпечатоци со кој се отклучува телефонот. Apple тврди дека отпечатоците се енкриптирани и се чуваат единствено на A7-процесорот на телефонот, но германскиот дневен весник Spiegel предупредува дека лесно може да се случи отпечатоците на корисниците да го пронајдат патот до NSA.

111440apple-nema-da-chuvame-slika-od-vashite-otpechatoci-149384После презентацијата на Apple на новиот iPhone 5S, во јавноста се отвори дебата околу скенерот за отпечатоци од прсти со кој ќе се отклучува телефонот. Од Apple смируваат велејќи дека потрошувачите не треба да се грижат, затоа што нема да ги зачувуваат нивните отпечатоци.

Ваквата потврда компанијата ја даде за Wall Street Journal. iPhone 5S има сензор во копчето home преку кој се читаат отпечатоците, создаден за корисникот да може да го отклучи телефонот без да внесе лозинка.

Наместо да чува слика од отпечатокот од прстот, iPhone 5S на процесорот само ќе го чува „податокот“ за тоа како изгледа вашиот отпечаток. Тоа значи дека ако некој успее да провали во телефонот нема да може да пронајде фотографија од отпечатокот.

Повеќе на следниот ЛИНК 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1