ФОТО: Глумам родител на родителска средба, по многу поволна цена!


Лоши оценки и лошо поведение се причините поради кои средношколците ширум Босна и Херцеговина почнале да ангажираат луѓе кои ќе глумат нивни родители на родителски состаноци во училиштата.  Сценариото, како што објави Дневен аваз, најчесто успева бидејќи наставниците ретко го проверуваат идентитетот на луѓето кои се претставуваат како родители. Сараевскиот дневник наведува и дека насекаде можат да се најдат огласи преку кои непознати луѓе заработуваат по пет марки за едно одење на родителски состанок.

Весникот се повикува и на тамошните статистики, според кои, само 30 отсто од родителите редовно се информираат за успехот и за поведение на своите деца во училиштата.

Oткако се расчуло за случајот низ медиумите низ целиот град на бандерите се појавиле огласи – глумам родител на родителски по многу поволна цена 🙂

glumam na roditelska

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1