Германија вработува негувателки од јужна Европа – плата 1500 евра


Германија бара негувателки од јужна Европа. За оваа цел започна и кампања која ќе тече во овие земји. Според податоците, на Германија и фалат околу 30.000 негувателки, а до 2020 година оваа бројка би можела да достигне 220.000.

pomos stara zena bolnicarkaВо моментов земјата започна интензивна кампања за вработување на негувателки во девет земји, од регионот засега вклучени се само Босна и Србија. Претходно, кампњата течеше во Азија, а првите 150 негувателки од Кина веќе почнале со работа.

Во Германија бројот на негувателки е мал зтоа што платите во овој сектор се ниски. Почетната бруто плата изнесува од 1350 евра до 1500 евра.

Освен негувателки, германската влада во кампањата наречена „Make it Germany” бара стручњаци од повеќе области, а пред се висококвалификувани лица, инжењери и лекари.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1