Повеќето од нас имаат навика да ги вкрстуваат прстите верувајќи дека тоа ќе им донесе среќа. Други пак ги вкрстуваат додека лажат со цел да не им се врати со лошо. Но, дали навистина вкрстувањето прсти помага во среќа или несреќа…
Гестот кој многумина го прават всушност потекнува од предхристијанските европски култури. Луѓето уште во минатото си ги вкрстувале прстите во знак на поддршка, тимска работа, или поздрав.
Според истражувањата се покажало дека вкрстувањето прсти може да ви донесе среќа. Целата енергија ја насочувате кон прстите, а всушност потсвесно ја пренесувате во универзумот на кој му давате заповед дека потребна ви е среќа и мора да имате среќа за некоја работа или одредена ситуација.
Средновековните христијани го адаптирале овој гест како варијација на крстот, симбол на христијанството, па го користеле за да ги чува од вештерки и зли духови.
Прочитајте повеќе на puls24.mk.