Некој тоне во сиромаштија, некој не знае што да им прави на парите – Норвешка има вишок пари


Норвешка е исправена пред предизвикот како да се искористи рационално преполните државни фондови, со приходи кои доаѓаат од нафтениот сектор, а притоа да не ја „прегреат“ националната економија

pari– Сите држави околу нас се принудени да ги намалат трошоците. Нашиот најважен проблем е во тоа што богатството ни е толку големо што постои опасност да го потрошиме на проекти кои не се исплатливи, вели Ејстеин Дерум, главниот економист на ДНБ банката, која е најголема во Норвешка, пренесува Нова Макеоднија.

Од крајот на деведесеттите години, Норвешка се однесува договорно во инвестирањето на приходите од нафтатa во фонд, кој на долг рок треба да обезбеди финансирање на државната благосостојба. Фондот најчесто вложува во акции, обврзници и недвижности, а за да се избегне „прегревање“ на националната економија, парите се пласираат надвор од Норвешка.

На тој начин, Норвешка станала најголем државен фонд на светот со 750 милијарди долари (570 милијарди евра), или во просек 1,25 отсто од пазарната капитализација на секое регистрирано претпријатие на светот.

За да се обезбеди натамошен раст на фондот, владата не смее да повлекува повеќе од четири отсто годишно од проектираниот годишен профит на фондот, за да се врамнотежи буџетот кој , во спротивно би бил во минус.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1