Американската полиција објавила фотографии од импровизиран затвор во кој што канибал планирал да силува, убива и јаде деца! Затворот бил откриен по двегодишната истрага на педофилски синџир која довела до куќата на Геоф Портвеј, американски државјанин роден во Велика Британија, во Масачусетс.
Во неговиот дом биле откриени скали кои воделе до скриени и звучно изолирани соби во кои што биле пронајдени ковчези за деца, железен кафез, лисици, алат за кастрација и колекција ножеви. Портвеј имал и серија фотографии од млади деца, а ова било наведено во документите до кои што пристигнала американската новинска агенција “Boston Herald”.
Геоф се изјаснил за виновен за планирање на киднапирањето на деца и за поседување на детска порнографија, а неговата пресуда ќе биде донесена во текот на следната недела. Обвинителите се надеваат дека тој ќе биде осуден на најмалку 27 години затвор. Портвеј на социјалните мрежи го користел псевдонимот “Longpig”, а полицијата дошла и до неговите разговори со други педофили со кои што разговарал за својата желба да киднапира, убива и јаде деца.
Тој бил само еден од десетината уапсени педофили во рамките на истрагата која започнала кога бил уапсен еден маж од Масачусетс, а кој подоцна бил осуден на 18 години затвор. Во текот на големата истрага уапсени се повеќе од 50 лица, додека 160 деца биле спасени во САД, Канада и Европа. Портвеј групирал луѓе кои што би му помогнале при киднапирањето на деца, а помеѓу нив бил и Мајкл Арнет од Канзас. Арнет се изјаснил за виновен за сексуална експлоатација на деца во сите сегменти од детската порнографија.