Рибата „psychrolutes marcidus“ е избрана за најгрдото животно на светот и стана маскота на Друштвото за зачувување на грдите животни – јави Би Би Си.
Psychrolutes marcidus живее на длабочина од 600 до 1 200 метра во водите во Тасманија и Австралија. Тоа е рибата која во конкуренција на „смачкани“ жаби, мајмуни, вошки и други грди суштества излезе најгрда.
Биологот Сајмон Ват, претседателот на Друштвото за зачувување на грди животни, за Би Би Си изјави дека оваа кампања ќе помогне за опстанокот на „ овие чудни но прекрасни суштества“.
– Нашиот пристап кон животните е егоистичен. Ги штитиме само оние со кои можеме да с еповрземе бидејќи се слатки – вели Ват, според кој ова е погрешно. И на грдите треба да им се посвети внимание и да се обезбеди нивниот опстанок.