Забарка поправала заби и на клиника и на приватно, сега ќе остане без работа


Докторка од Стоматологија ќе остане и без лиценца и без работа. Правела заби и на клиника и во приватна ординација. Пациентите од стоматолошки клинички ги препракала во приватната здравствена установа каде повремено работела. Докторката вчера била фатена на дело од страна на инспектори на Државниот здравствен и санитарен инспекторат како правела протетика на пациент во приватната ординација, објави Сител.

zabarkaОд ДСЗИ го потврдија случајот, но не сакаат да коментираат, повеќе информации најавија за утре Ова е спротивно на законот за здравствена заштита со кој од пред 3 месеци строго се забранува лекари од јавното здравство дополнително да работат во приватни установи. Според последните законски измени на докторката и се заканува времено одземање на лиценцата и до 7 години, а ќе ја загуби и работата на Стоматолошки клинички.

Освен докторката казнета ќе биде и приватната ординација која според законските измени треба да плати глоба од 4000 до 6000 евра зошто ангажирале лице кое не било наведено во дозволата за работа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1