Метју Нимиц, посредникот на ОН во спорот со името наметнат од Грција, им донира пари на американски конгресмени и сенатори што се директни поддржувачи на грчката страна во овој спор. Медијаторот треба да биде некаков посредник, неутралец што треба да се обиде да најде компромис. Неговите донации – не го покажуваат тоа. Очигледно е дека се работи за директен конфликт на интереси, пишува МКД.МК
Каролин Малони, членка на Конгресот на САД од Демократската партија во 1995 година добила 2.600 долари донација од Метју Нимиц. До тука и ништо не е спорно ако не се знае дека Каролин е членка на Одборот на Конгресот за грчки прашања, чии членови се разбира отворено ги поддржуваат грчките интереси.
А еден од нив е и смена на името на Република Македонија. Во една од своите изјави на оваа тема Малони (која се уште е конгресменка) вели: „Македонија е грчко име што е присутно во северна Грција повеќе од 2.500 години. Овие преговори претставуваат можност за обете страни да го постигнат разумниот компромис што ќе ја почитува историската и политичка реалност околу овој спор“.
И тоа не е сè. На листата на донирани од страна на Метју Нимиц е уште еден демократ. Тоа е сенаторот Роберт Менендез – Тој, заедно со сенаторката со грчко потекло Олимпија Сноу,е потписник на голем број предлог-закони, декларации и новинарски написи насочени против Република Македонија. Менендез и Сноу во 2008 година неколку месеци го одложија именувањето на Филип Рикер за амбасадор во Македонија, барајќи од Рикер да даде јасен прогрчки став во врска со спорот за името.
Повеќе на – МКД.МК