На излегување од хотелот во Њујорк Никол беше „однесена“ од папарацо на велосипед. Велосипедот со збунетиот фотограф излетал неочекувано и право во Никол Кидман!
На холивудската ѕвезда не и не ништо, а кутрото момче освен што добро се утепа, доби казни за невнимателно возење, возење по тротоар и возење велосипед без кацига! Никол се држеше за ногата но не побара медицинска помош, а вечерта успеа да стигне на журката на Келвин Клајн.