Наскоро на местото на оштетените органи и екстремитети, ќе ни растат нови?!


Замислете да може наместо ампутирана рака, нога или некој оштетен витален орган како срцето, да ви пораснат целосно нови и здрави. Според мислењето на некои научници овој сон е на дофат, а еден од првите органи кои можат да се регенерираат е срцето.

geni covekСпособноста на некои животни, посебно на саламандерот, да ги обновуваат изгубените екстремитети ги фасцинирале Аристотел, Волтер, Дарвин и многу други. Некои црви од оштетената опашка можат да го обноват целото тело, па дури и главата. Хидрата, далечна роднина на медузата, е во состојба да го регенерира целиот организам, па дури и ако претходно ја мелеме во соковник.

Едно истражување на експерти од Универзитетот Гледстоун, објавено минатиот месец во списанието “Stem Cell Reports”, потврдило дека ткивото на човековото срце може да се регенерира. Имено, тимот во лабораторија успеал оштетеното срце од глушец, повторно да го направи спроводливо.

Децата и глувците имаат сличност

Способноста да ги обновува деловите од телото не му е целосно непозната на човековиот организам. На пример, познато е дека малите деца можат да ги регенерираат врвовите од прстите. Слична работа можат да направат и младите глувци.

Научникот Кен Мунеока во 2010-тата година со своите соработници на Универзитетот Тулејн, покажал дека способноста за регенерирање може да се поттикне и кај возрасни животни. Иако глувците не се исто што и луѓето, доволно се слични за да можеме да заклучиме дека и ние сме способни за слични процеси.

Ели Танака од Институтот Макс Планк, вели дека се” уште е рано да се каже дека наскоро ќе може да обновуваме цели екстремитети, но убедена е дека оваа гранка од медицината наскоро ќе доживее пресвртница.

“Со две или три години истражување на саламандерите ќе отвориме нови бројни можности”, вели Танака.

Tocka

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1