Родители од пеколот: Правеле деца за сексуално да ги злоупотребуваат


Иднината на децата на Сара и Џонатан Адлета од САД била одлучена и пред да дојдат на свет, бидејќи нивните родители уште пред раѓањето испланирале дека во “рамките на воспитанието” физички ќе ги злоупотребуваат.

Сара ја признала вината и и’ се заканува казна од 15 до 30 години затвор, додека нејзиниот поранешен сопруг можеби го очекува и смртна казна.

roditeli-od-pekolot-01Сара Адлета (29) во мај ја признала вината за сексуално злоупотребување на малолетни деца во два случаи, додека Џонатан (25) во вторникот бил прогласен за виновен за сексуално злоупотребување на дете, исто така во два случаи, и му се заканува затворска казна од десет години до доживотна робија.

Како што пренесува весникот Орландо Сентинел, Џонатан Адлета, поранешен морнарички офицер, сонувал за денот кога ќе има секс со својата ќерка. Откако дознале дека Сара Адлета носи ќерка, и’ рекол дека ќе се венча со неа ако му дозволи да ја задоволува таа своја желба. Кога добиле син, тој очекувал од Сара сексуално да го злоупотребува момчето.

Џонатан Адлета служел во морнарицата како пешадиски офицер од 2008 до 2012 година. Како што навел помошниот обвинител во САД, почнал како командант на вод и најпосле станал асистент на командата за обука, а за сето тоа време ги злоупотребувал своите деца во „рамките на нивното воспитување“.

Дури и после неговото воено учество во Авганистан, каде бил ранет и го добил одликувањето „Пурпурно срце“, злоупотребувањето продолжило, иако брачниот пар се развел, а Сара се преселила во Орландо.

Џонатан ја убедил Сара да му дозволи да ја злоупотребува ќерката преку посредство на Скајп, иако биле оддалечени еден од друг илјадници километри.

Сосетката се сомневала

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) примило дојава за тоа дека Сара праќала фотографии на кои таа и едно дете биле голи на маж во Северна Каролина, пренесува Хафингтон пост, а сосетката Чени Милс изјавила дека Сара и’ нудела да и’ ги чува децата, и таа се посомневала.

„Толку сум среќна што ја послушав својата интуиција и не дозволив да ми ги чува децата“ – рекла таа.

Точка.ком.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1