Синоќа во шведското гратче Јусне бил пријавен случај на палење крст.
На лице место бил направен увид при што е констатирано дека два метра висок дрвен крст бил запален пред станбена зграда во која шведскиот Завод за миграции изнајмува неколку станови за бегалци и имигранти.
Полицијата поднела кривична пријава за поттикнување на расна и верска омраза против етничка група, јави дописникот на МИА од Гетеборг.
Полицијата била алармирана околу полноќ, а досега нема приведени осомничени лица за овој инцидент.
– Засега немаме никакви конкретни податоци, рече полицискиот командир Темо Аленбак за весникот „Содерхамнс-Курирен“.