За делото шпионажа кривичниот законик на Република Македонија во членот 316 предвидува високи затворски казни. За најтешките дела, ако се докажат делата, осудените можат да останат доживтоно в затвор.
Според членот 1 тој што државната тајна ќе ја соопшти, предаде или ќе ја стори достапна на странска држава ќе се казни со затвор најмалку четири години.
Во членот два е предвидена казна затвор најмалку четири години за тие што за странска држава или организација ќе создадат разузнавачка служба во Република Македонија или ќе раководат со неа.
Членот три предвидува тој што ќе стапи во странска разузнавачка служба, ќе прибира за неа податоци или на друг начин ќе ја помага нејзината работа да се казни со затвор од една до десет години. Според членот 4 тој што прибавува тајни податоци или документи со намера да ги соопшти или предаде на странска држава ќе се казни со затвор од една до десет години.
Доколку делото од став 1 и 4 е сторено за време на војна или непосредна воена опасност или предизвикало тешки последици за безбедноста, економската или воената моќ на Република Македонија, сторителот ќе се казни со затвор најмалку четири години.
Спроед членот 6 од кривичниот законик како државна тајна се сметаат податоците или документите што со закон или со друг пропис се прогласени за државна тајна и чие откривање имало или можело да има штетни последици за политичките, економските или воените интереси на Република Македонија.