На дното на езерото, нуркачите тестирајќи најнови сонди откриле мрачна тајна која езерото ја чувало повеќе од 40 години. Најдени се две возила со шест скелети, се открило дека се лица кои биле исчезнати во 60-те и во 70-те години од минатиот век.
Во едното возило, автомобил Шевролет Камаро биле пронајдени остатоци од телата на тројца тинејџери на возраст од 16 до 18 години, кои исчезнале во 1970 година за време на прошетка во градот Елк Сити.
Возилото можеби му припаѓало на 16 – годишниот Џими Вилијамс. Тој последен пат бил виден на 20 ноември 1970 година, а со него биле ушете двајца пријатели, 18 – годишните Томас Риосо и Леа Џонсон.
Заедно оделе да гледаат натпревар во близина на езерото и отогаш им се губи трагот.
Во другиот автомобил, Шевролет, се пронајдени брачна двојка и нивни пријател, по кои се трагало од раните 60-ти.
Се уште не е познато од кои причини возилата завршиле во езерото, ниту дали станувало збор за несреќни случаи.