Бизнисмени, функционери, познати личности биле цел на закани на деветмина од уапсените во Шпион.
Според информации од досегашната истрага од жртвите се барале големи суми на пари – до неколку стотици илјади евра. На лекар му се заканувале дека ќе објават дека работи без лиценца и со сомнителни материјали. На друг му се заканиле со досие од Државниот архив, иако не било предмет на лустрација. Му барале 30 илјади евра и му се заканувале по живот:
-Твојот кодошки живот вреди 30 илјади евра или ќе умреш како куче. Ако пријавиш ќе почнеме од жена ти па се по ред. Купи си го гревот до недела. Била една од пораките кои стасале до оштетениот.
Според сознанија на органите на прогонот, тој, преплашен за својот живот, парите ги фрлил на задното седиште од автомобилот на заканувачот, како што било договорено. Познат поранешен функционер бил уценуван во Белград за 200 000 евра.
Унгарската разузнавачка служба била главен клиент на осомничените за шпионажа иако се споменува и грчката и руската служба. Документи и извештаи со разузнавачки информации кои имале дури и кодни имиња биле препраќани до странските служби преку специјален сателитски систем.









