Хрватската радио и телевизија, како организатор на конкурсот за избор на хрватски претставници за Евровизија, донесе одлука да го прескокне учество во следната година.
Во зависност од интересите на јавноста и гледачите, ХРТ потоа дополнително ќе одлучи и дали воопшто ќе врши пренос од финалната вечер на Евровизија.
– Како јавен сервис, ХРТ конкретно го зема во предвид фактот дека средствата од буџетот треба да се потрошат на поисплатлив начин. ХРТ ја има во предвид тешката економска ситуација, и да ги зема во предвид јавните критики за финансиската оправданост на настапи на оваа манифестација, поради минатогодишните слаби пласмани. Затоа одлучивме да направиме пауза од шоуто – се вели во изјавата на ХРТ.